Македонија Чичек: Со Македонија имаме стратегиски врски

Чичек: Со Македонија имаме стратегиски врски

Претседателот на Големото турско собрание, Џемил Чичек

Mирот во регионот зависи од стабилноста на Македонија. Mакедонија е срцето на Балканот, изјави претседателот на Големото национално Собрание на Турција, Џемил Чичек, по средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

– Македонија и Турција имаат длабоки историски и културни врски. Нашите односи не се темелат на дневнополитичка основа, туку станува збор за стратегиски врски. Затоа Турција ги поддржува напорите на Македонија за што поскоро членство во НАТО и во Европска Унија – рече Чичек.