Македонија Четврток 2 август е неработен ден за сите граѓани

Четврток 2 август е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците 2 август 2018 година (четврток), Денот на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.