Македонија Четврто прскање против комарци од среда во Скопје

Четврто прскање против комарци од среда во Скопје

Авионско прскање против комарци. Фото: Град Скопје

Град Скопје информира дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција (прскање) против возрасни форми на комарци ќе почне в среда.

Прскањето од авион ќе се врши в среда и в четврток во, во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција, односно прскањето од земја ќе почне в недела и ќе заврши следната среда. Ќе се врши во периодите од 23 часот до 4 часот следниот ден.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, а во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.