Свет Европа Четворица осудени зa соучество во нападите во Волгоград

Четворица осудени зa соучество во нападите во Волгоград

Четири лица се осудени за вмешаност во самоубиствените бомбашки напади во Волгоград, соопшти денеска рускиот Истражен комитет.

Во двата бомбашки напади, на железничката станица и на тролејбус минатата година, загинаа 34 лица.

Двајца мажи се прогласени за виновни за соучество во терористички акт, затоа што ги криеле бомбашите самоубијци додека го подготвувале експлозивот. Тие се осудени на 19 години затвор.

Уште двајца се осудени на пет години и 10 месеци затоа што ги превезле бомбашите во Волгоград.

Сите осудени се од Дагестан, руска република на северот на Кавказ, која е седиште на исламските бунтовници.