Хроника Четворица кочанчци осомничени дека украле плен вреден повеќе од еден милион денари

Четворица кочанчци осомничени дека украле плен вреден повеќе од еден милион денари

Виничаката полиција поднела кривични пријави против четворица кочанци, осомничени дека минатиот месец од куќа во селото Ласки украле девизи, денари и златен накит, со вкупна вредност поголема од еден милион денари.

Според полицијата, С.К. (49), Г.П. (36), Б.П. (32) и Б.М. (29) се осомничени за тешка кражба, која што ја извршиле на почетокот на минатиот месец. Тие провалиле во куќа во селото Ласки и по пребарувањето по собите, нашле и украле 12.000 евра во разни апоени, златен накит и 2.600 денри.

Вкупната вредност на пленот била проценета на околу 1.030.000 денари.