Свет Четворица Индијци зарoбeни во Либија

Четворица Индијци зарoбeни во Либија

Индиското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека четири државјани на Индија се притворени во близина на либискиот град Сирт.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Индија, Викас Сваруп, изјави дека четворицата мажи се задржани на место кое е околу 50 километри оддалечено од Сирт. Ова подрачје е под контрола на терористичката организација Исламска држава, а притворените мажи работеле во Либија како наставници.

Во Либија владее хаос по соборувањето и по убиството на долгогодишниот либиски лидер Моамер ел Гадафи.

Либија е поделена меѓу меѓународно признаената влада со седиште во Тобрук, на истокот, и другата влада во Триполи, која ја поддржуваат исламските бунтовници.