Хроника Четворица битолчани осомничени за трговија со дрога

Четворица битолчани осомничени за трговија со дрога

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривични пријави против четири лица на возраст од 24 до 43 години, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за овозможување употреба на наркотици.

Според полицијата, осомничените во повеќе случаи набавувале и продавале дрога.

Кај нив биле пронајдени 10 шишиња со вкупно 100 милилитри метадон, ампули дијазепам, 0,49 грама кокаин, 14,25 грама марихуана и 14 алуминиумски и најлонски пакувања со вкупна маса од 2,52 грама хероин.