Хроника Четворица битолчани нападнале полицајци

Четворица битолчани нападнале полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против битолчаните И.Л. (32), А.С. (31) и Б.Т. (20) поради сомневање дека нападнале службено лице при вршење работи на безбедноста, додека против И.Л. и П.Д. (28) е поденсена пријава и за насилство. На Б.Т., И.Л. и на П.Д. им е одреден притвор во времетраење до осум дена.

Како што информира МВР, вчера околу 10.15 часот, во Битола, во кафе-бар на улицата Широк сокак, И.Л. и П.Д. физички нападнале двајца вработени во кафе-барот и почнале насилно да се однесуваат кршејќи го инвентарот. По пријава за сторено кривично дело интервенирано е од страна на полициски службеници кои излегле на местото на настанот и биле физички нападнати од А.С. и Б.Т.

Лицата се приведени во полициската станица Битола, каде И.Л. почнал да ги навредува полициските службеници со погрдни зборови.