Свет Европа Четириесет и осум повредени во железничка несреќа во Барселона

Четириесет и осум повредени во железничка несреќа во Барселона

Најмалку 48 лица се повредени, од кои пет потешко, откако воз удри во платформата на станицата во Барселона, соопштија шпанските власти.

Несреќата се случила за време на утринскиот метеж на станицата Франција во центарот на градот, јавува „Би-би-си“.

Нa фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека возот со предниот дел силно удрил во платформата на станицата.