Свет Свет Четири нови пожари во Тјанџин

Четири нови пожари во Тјанџин

Кинеските служби за вонредни состојби се обидуваат да изгасат четири нови пожари во Тјанџин, во близина на местото каде што минатата недела се случија силни експлозии во кои настрадаа 114 луѓе, јави државната агенција Ксинхуа.

Агенцијата наведува дека едно од жариштата е центарот за дистрибуција на автомобили, во близина на местото на експлозијата, додека останатите се наоѓаат во централното подрачје на детонациите.

Кинеските власти претходно предупредија дека концентрацијата на цијанид во реката, морето и отпадните води околу пристаништето во Тјанџин е 277 пати поголема од дозволените, но напоменаа дека водата за пиење е безбедна.