Хроника Четири момчиња нападнале соученик пред скопската гимназија „Лазар Танев“

Четири момчиња нападнале соученик пред скопската гимназија „Лазар Танев“

Ученик од трета година во скопското средно училиште „Лазар Танев“ вчера бил физички нападнат од негови соученици пред влезот на гимназијата, информираат од полицијата.

Момчето, по инцидентот, со возило на итната медицинска помош било пренесено во Клиничкиот центар, каде му била укажана лекарска помош.

Екипа од полициската станица Карпош привела тројца малолетници, ученици во гимназијата, како и 19-годишниот М.Д., поранешен ученик во „Лазар Танев“, кој бил заедно со нив.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.