Хроника Четири момчиња осомничени за разбојништво и за тешка кражба

Четири момчиња осомничени за разбојништво и за тешка кражба

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против четири момчиња, од нив двајца малолетници, осомничени дека пред една недела нападнале и ограбиле две лица на улицата Лазар Личеновски, во центарот на градот, информираат од полицијата.

Според пријавата, Д.Ф. (20), Д.Е. (20) и двајцата малолентици, на 16-годишна возраст, се товарат за кривичните дела разбојништво и тешка кражба на дрзок начин. Судија на претходна постапка на двајцата 20-годишници им одредил мерка притвор од 30 дена.

Како што информираат од полицијата, осомничните на своите жртви им приоѓале од зад грб, ги соборувале на земја, удирајќи ги со клоци и со тупаници, а потоа им ги краделе мобилните телефони и чантите.

Дел од пленот тие продале и со парите вратиле долг, а останатите ги задржале за себе.

По пријавата на случаите, екипа на посебната мобилна единица „Алфа“ ги привела осомничените, а бил пронајден и дел од пленот што го украле.