Хроника Чешки параглајдерист загина кај Крушево

Чешки параглајдерист загина кај Крушево

Чешки параглајдерист вчера бил пронајден починат во местото Две чешми, во близина на Крушево.

Како што соопшти МВР, спасувачките екипи во 13.40 часот го пронашле мртвото тело на 51-годишниот Ј.В. (51) од Република Чешка.

Параглајдеристот вчера околу 13 часот полетал од Мечкин камен во Крушево и додека управувал, се закачил на дрво, по што паднал на земја и починал. Ј.В. бил член на чешка аматерска асоцијација за летање. Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош.