Свет Европа Чешка испрати дополнителни сили на границата со Австрија

Чешка испрати дополнителни сили на границата со Австрија

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека неговата земја испратила дополнителни полициски сили на границата со Австрија за да го ограничи бројот на бегалци што влегуваат во Германија.

– Мерката е воведена за да се спречи кршење на законите и на правилата во шенгенската зона – рече Соботка, додавајќи дека чешката влада редовно ја проценува ситуацијата и доколку биде потребно, ќе воведе нови мерки.

Чешка го заостри обезбедувањето и контролата на границата, после вчерашната одлука на Германија да почне со контрола на границата со Австрија, да го запре железничкиот сообраќај од Австрија и привремено да го суспендира шенгенскиот систем.