Македонија Чешка го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

Чешка го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

На седницата присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој е во еднодневна работна посета во Прага, во рамки на Самитот на премиерите на државите од Вишеградската Група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан.

Чешка е 17. земја која го ратификуваше протоколот за прием на државата во НАТО.