Свет Европа Чешка е подготвена да ја тужи ЕУ поради механизмот за прераспределба на...

Чешка е подготвена да ја тужи ЕУ поради механизмот за прераспределба на бегалците

Чешкиот премиер, Бохуслав Соботка, денеска изјави дека Чешка може да ја тужи Европската Унија, како што тоа во декември го направи Словачка, доколку ЕУ се обиде да воведе траен механизам за прераспределба на бегалците по национална квота.

Тој потоа изразил надеж дека поднесувањето тужба, нема да биде потребно, бидејќи во новите измени на политиките за азил кои ги предложува Европската комисија квотите и трајната релокација на бегалците, нема да бидат опфатени.

Премиерот Соботка најави дека Чешка ќе бара за измените на политиките за азил и за трајните квоти да се расправа на самит на шефовите на земјите членки на ЕУ, каде што одлуките се усвојуваат со консензус.