Свет Европа Чех се самозапали во центарот на Прага

Чех се самозапали во центарот на Прага

Средовечен маж синоќа се поли со бензин и се запали на плоштадот Вацлавски во Прага, јавуваат чешките медиуми.

– Станува збор за 56-годишен пациент на психијатриска болница кој излегол на шетање, но не се вратил во болницата. Сам се запалил, никој не му помогнал, соопшти портпаролот на чешката полицијата, Томаш Хулан, додавајќи дека лицето им подлегнало на раните.

Не се знае зошто се обидел да си го одземе животот, но полицијата во неговата чанта пронашла порака, чија содржина засега не се открива.