Свет Чавушоглу: Нема планови за копнена операција во Сирија

Чавушоглу: Нема планови за копнена операција во Сирија

Нема планови за заедничка турско-сириска копнена операција во Сирија, соопшти шефот на турската дипломатија, Мевљут Чавушоглу.

– Евентуална таква операција би требало да ги вклучува сите земји што се дел од коалицијата против Исламската држава, предводена од САД – рече Чавушоглу.

Според Чавушоглу, руските воздушни напади на сириска територија се најголема закана за имплементирањето на договорот за прекин на огнот во Сирија.