Дописници Чавков го смени началникот на СВР Охрид и назначи нов

Чавков го смени началникот на СВР Охрид и назначи нов

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, еден ден по преземањето на функцијата, во текот на вчерашниот ден, го сменил досегашниот и го назначил Гоце Недески за нов началник на Секторот за внатрешни работи во Охрид.

Недески е долгогодишен вработен во СВР Охрид и бил раководител на Одделението за аналитика.

Претходно со оваа позиција раководеше Сашо Смилески, кој беше назначен од техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасоски, на 30 декември минатата година.

Собранието во средата, оваа недела ги констатира оставките на министрите на СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски и за старо – нови министри на ресорите за внатрешни работи и за труд и социјална политика ги именуваше Митко Чавков и Диме Спасов.