Свет Свет Бура ја одложи посетата на Меркел во Вашингтон

Бура ја одложи посетата на Меркел во Вашингтон

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи посетата на Вашингтон, каде што вчера требаше да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Посетата на Меркел е одложена поради брзото напредување на зимската бура, која се очекува да го погоди североистокот на САД.

Меркел на новинарите им соопшти дека Трамп телефонски ја побарал за да ѝ објасни колку е сериозна ситуацијата со бурата.

– Патот е откажан – потврди Меркел.

Германската канцеларка порача дека нејзината посета на САД повторно ќе биде закажана што е можно поскоро.

Белата куќа, исто така, објави дека е одложен состанокот помеѓу Меркел и Трамп. Во соопштението се наведува дека состанокот на двајцата лидери е одложен до 17 март.

Меркел и Трамп беше предвидено да се сретнат утре, што ќе беше нивна прва средба по доаѓањето на Трамп на чело на САД.