Свет Свет Бунтовници го одбија предлогот на Русија за продолжување на примирјето во Алепо

Бунтовници го одбија предлогот на Русија за продолжување на примирјето во Алепо

Сириската бунтовничка група Нур ел дин ел зинки го отфрли рускиот предлог за хуманитарна пауза во Алепо, нарекувајќи го „медиумска сензација за јавна употреба“.

Портпаролот на бунтовниците, Јасер ал Јусеф, рече дека Русија „не е сериозна“, додавајќи дека не се заинтересирани за последната иницијатива од Москва.

Јусеф оцени дека предлогот на рускиот претседател Владимир Путин не ја отсликува реалноста на терен и побара од меѓународна комисија да ги испита „руските лаги“.

Путин денеска понуди во Алепо да се воспостави нова хуманитарна пауза до 4 ноември и ги повика бунтовниците да ги напуштат источните делови на градот. Тој, исто така, нареди претходно воспоставените хуманитарни коридори да останат отворени заради заминување на цивилите и на борците од Алепо.

Русија на 18 октомври го прекина бомбардирањето на Алепо „во знак на добра волја“ за да им овозможи на хуманитарните служби да ги евакуираат цивилите, а борците да се повлечат од Алепо.