Свет Европа Бундестагот усвои поостри мерки за бегалците

Бундестагот усвои поостри мерки за бегалците

Германскиот парламент усвои поостри мерки за лицата што бараат азил за да го ублажи големиот прилив на бегалци.

Пакетот мерки опфаќа ограничување на правата на обединување на семејствата за одредени мигранти.

Законот, кој во Бундестагот е усвоен со 429 гласа „за“ и со 147 „против“, го олеснува протерувањето на осудените странци, што е клучна мерка која е предложена по насилствата во Келн на новогодишната ноќ.

Процесот на обработка на барањата за азил ќе биде забрзан и ќе бидат воспоставени центри за „економски мигранти“, кои имаат мали шанси да добијат азил.

Целта на мерките е да се забрза процесот на репатријација и да се ослободат ресурси за бегалците од воените подрачја, на кои итно им е потребна заштита.