Македонија Бумчи: Политичката криза во Македонија ќе се реши само ако Груевски си...

Бумчи: Политичката криза во Македонија ќе се реши само ако Груевски си даде оставка

Албанскиот парламентарец Алдо Бумчи денеска оцени дека политичката криза во Македонија може да се реши само доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се поднесе оставка.

Бумчи, кој е член на опозициската Албанска демократска партија (АДП), за време на денешната седница на албанското Собрание изјави дека и Груевски и премиерот на Албанија, Еди Рама треба да си поднесат за да ги решат политичките кризи и во Македонија и во Албанија.

Бумчи вчера изјави дека премиерот Рама ја втурнал Албанија во политичка криза и оти со својата политика ги уништува компаниите, ги осиромашува млекарите со лошата откупна цена на млекото и граѓаните на Албанија со високата цена на електрична енергија.