Македонија Бујар Османи ќе биде шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Бујар Османи ќе биде шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот, Јоханес Хан, по тематската владина седница посветена на скрининг процесот за почеток на преговорите со ЕУ.

За негов заменик е назначен советникот на премиерот за евроатлантски интеграции Бојан Маричиќ.