Свет Балкан Бугарскиот парламент ја потврди владата на Борисов

Бугарскиот парламент ја потврди владата на Борисов

Бугарскиот парламент ја потврди малцинската влада на десниот центар, под водство на поранешниот премиер Бојко Босирсов, чија конзервативна партија ГЕРБ победи на предвремените парламентарни избори на 5 октомври.

Од вкупно 234 присутни пратеници, 136 се изјаснија во полза на владата на Борисов, кој својот кабинет го нарече „проевропски и реформистички, за стабилност на Бугарија“.

– Време е да се гарантира независноста на земјата во енергетското подрачје – нагласи Борисов пред парламентот.
Бугарија е зависна од рускиот гас.

Новата влада брои 21 министер, од кои 13 се од ГЕРБ, седум од пазарно ориентираниот Реформистички блок и еден од левичарската АБВ. Новата влада има мнозинство во парламентот, благодарение на поддршката на националистичката Патриотски фронт.

Борисов, кој беше премиер од 2009 до 2013 година, ќе има четворица помошници, меѓу кои и поранешната еврокомесарка Меглена Кунева, задолжена за европска политика.