Македонија Бугарија „загрижена“ поради политичката ситуација во Македонија

Бугарија „загрижена“ поради политичката ситуација во Македонија

Официјална Софија е загрижена поради дестабилизацијата на политичката ситуација во Македонија, оценил шефот на бугарската дипломатија, Даниел Митов, на затворена седница на Комисијата за надворешна политика.

– Особено сме загрижени поради случувањата и дестабилизацијата на внатрешно-политичката ситуација. Се надеваме дека постои можност да се постигне дијалог меѓу опозицијата и власта. Има и многу други проблеми, како медиумската средина, недостигот на политички дијалог, правосудниот систем, економската средина и слично – изјавил Митов, пренесува новинската агенција „Фокус“.

Бугарскиот министер за надворешни работи за „Фокус“ изјавил дека Софија учествува во разговорите за Македонија во рамките на ЕУ.