Свет Балкан Бугарија распоредува војска на границите поради мигрантската криза

Бугарија распоредува војска на границите поради мигрантската криза

Бугарија ќе распоред припадници на армијата на границите со Македонија и Грција поради критичната состојба со мигрантите, соопштија бугарските власти.

Како што јавувата медиумите од Софија, бугарското министерство за одбрана ќе предложи конкретни мерки кои ќе овозможат армија и полицијата подобро да ја обезбедуваат државната граница.

Одлуката за распоредување на армиски сили е донесена на вчерашниот состанок во бугарското МВР, на кој присуствувале надлежните министри, премиерот Бојко Борисов и министерот за финансии.