Свет Балкан Бугарија поднесе жалба до ЕК поради грчкиот данок за бугарските зделки и...

Бугарија поднесе жалба до ЕК поради грчкиот данок за бугарските зделки и трансакции

Официјална Софија поднесе жалба до Европската комисија поради данокот што Грција го воведе за сите зделки и трансакции по потекло од Бугарија.

Како што јавуваат бугарските медиуми, Софија бара укинување на грчкиот данок во висина од 26 отсто, наведувајќи дека таквата мерка на Атина е дискриминациска и непропорционална.