Свет Балкан Бугарија изгради 35 километарска ограда кон Турција

Бугарија изгради 35 километарска ограда кон Турција

Бугарија изгради уште 35 километри ограда на границата со Турција во регионот Јамбола за да ги спречи илегалните преминувања на мигрантите.

Во истата област веќе постои ограда со должина од 30 километри.

Регионалниот гувернер Димитер Иванов рече дека е изграден и пристапен пат и додаде дека поради тешкиот и непристапен терен како и поради непостојаната сообраќајна инфраструктура градењето било комплицирано.

Бугарија гради ограда на границата со Турција во регионите Бургас, Јамбола и Хаскова.