Свет Балкан 20 лица загинаа во поплавите во Грција

20 лица загинаа во поплавите во Грција

Тело на исчезнат маж е пронајдено во близина на автобуската гаража во атинската општина Мандра, со што бројот на загинатите во поплавите што го зафатија грчкиот главен град се зголеми на 20 лица.

Големото невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, во петокот ја погоди Атина поради што беа затворени повеќе сообраќајници.

Припадниците на пожарникарската служба досега спасиле 96 лица кои биле заробени во нивните автомобили или куќи.