Економија Бројот на туристи во првите девет месеци е зголемен за 4,3 проценти...

Бројот на туристи во првите девет месеци е зголемен за 4,3 проценти во однос на лани

Во првите девет месеци од годината, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,3 проценти, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4,8 проценти, а кај странските има зголемување за 4 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,3 проценти, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,3 проценти, а кај странските има зголемување за 0,8 отсто.

Бројот на туристите во септември изнесува 84.018 и е зголемен за 6,1 отсто во однос на истиот месец лани, а бројот на ноќевањата е 197. 122 и за истиот период е зголемен за 7 проценти.

Бројот на домашните туристи во септември во однос на истиот месец лани, е зголемен за 22,7 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 0,9 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во истиот период е зголемен за 21,9 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1,1 отсто.