Економија Бројот на туристи лани е зголемен за 5 проценти во однос на...

Бројот на туристи лани е зголемен за 5 проценти во однос на 2015 година

Бројот на туристи лани е зголемен за 5 проценти, во однос на 2015 година објави Државниот завод за статистика.

Кај домашните туристи зголемувањето е за 4,8 проценти, а кај странските за 5,1 процент.

За истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,6 проценти, а кај странските за 1,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2016 година изнесува 42.101, а бројот на ноќевањата бил 81.060.