Економија Бројот на туристи до мај поголем за 11,1 отсто во однос на...

Бројот на туристи до мај поголем за 11,1 отсто во однос на истиот период лани

Во првите пет месеци од годината бројот на туристи е зголемен за 11,1 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Кај домашните туристи има зголемување за 12,5 проценти, а кај странските има зголемување за 10,4 проценти.

Во овој период, во споредба со истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,2 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 19,1 отсто, а кај странските има зголемување за 8 проценти.

Бројот на туристите во мај 2016 година изнесува 86.234, а бројот на ноќевањата бил 172.355.