Економија Бројот на туристи до јули зголемен за 14,2 проценти во однос на...

Бројот на туристи до јули зголемен за 14,2 проценти во однос на лани

Бројот на туристи во периодот јануари – јули 2017 година е зголемен за 14,2 проценти во однос на истиот период од претходната година, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 8,3 проценти, а кај странските има зголемување за 17,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,8 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 6,6 проценти, а кај странските има зголемување за 17,6 проценти.

Бројот на туристите во јули 2017 година изнесува 153.435 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 18,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.