Економија Бројот на работници во индустријата во септември поголем за 1,2 отсто во...

Бројот на работници во индустријата во септември поголем за 1,2 отсто во однос на лани

Бројот на работници во индустријата е поголем за 1,2 отсто во септември годинава во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Во овој период, бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 2,8 проценти, а пораст бележат секторот преработувачка индустрија од 1,6 отсто и секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,4 отсто.

Во периодот од јануари до септември годинава, во однос на истиот период лани, порастот изнесува 1,7 отсто.