Економија Бројот на работници во индустријата во март зголемен за 2,1 отсто во...

Бројот на работници во индустријата во март зголемен за 2,1 отсто во однос на истиот месец лани

Бројот на работниците во индустријата во првите три месеци годинава е зголемен за 1,8 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. 

Бројот на работниците во март годинава, пак, е зголемен за 2,1 отсто во однос на истиот месец лани.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март во однос на
истиот месец лани, бележи пораст кај енергија за 3,1 отсто, интермедијарни производ за 4,3 отсто, капитални производи за 18,2 отсто и кај трајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто.

Опаѓање на бројот на вработени се забележува кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 отсто.