Економија Бројот на работници во индустријата во август поголем за 1,3 отсто од...

Бројот на работници во индустријата во август поголем за 1,3 отсто од лани

Бројот на работниците во индустријата во август 2015 година е поголем за 1,3 отсто во однос на август 2014 година, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи опаѓање од 2,7 проценти, а пораст од 1,7 отсто бележи во секторот преработувачка индустрија и 0,4 отсто пораст во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 1,8 отсто и капитални производи за 16,6 проценти, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто и енергија за 1,7 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-август 2015 година, во однос на периодот јануари-август 2014 година е поголем за 1,8 отсто.