Економија Бројот на патници во јануари е зголемен за 18,7 отсто во однос...

Бројот на патници во јануари е зголемен за 18,7 отсто во однос на истиот месец лани

Во јануари годинава, од двата аеродроми превезени се вкупно 151.381 патници, што претставува зголемување од 18,7 отсто споредено со истиот месец лани, информираат од Министерство за транспорт и врски.

На скопскиот аеродром, регистрирани се вкупно 145.592 патници што во споредба со јануари 2017 година, кога биле превезени 123.118 патници, се забележува зголемување од 18,3 отсто.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, бројот на превезени патници е зголемен за 30,8 проценти во однос на бројот на патници во јануари, лани.