Свет Европа Бројот на милионери во Украина трипати поголем лани во однос на 2014...

Бројот на милионери во Украина трипати поголем лани во однос на 2014 година

Бројот на регистрирани милионери во Украина во 2015 година е трипати поголем во однос на 2014 година и ја надмина бројката од 900 лица, соопшти државната фискална служба.

Според податоците на оваа институција, вкупно 903 Украинци регистрирале приходи поголеми од 37 милиони долари.

Вкупната сума на пријавени приходи е 171 милион долари и е поголема за 15 отсто од 2014 година.