Македонија Брод со хуманитарна помош за Газа ќе исплови од Кипар овој викенд

Брод со хуманитарна помош за Газа ќе исплови од Кипар овој викенд

Оваа мисија доаѓа ден откако Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен прогласи дека ЕУ ќе направи поморски коридор за достава на хуманитарна помош во Газа

Фото: NicosiaEurope, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Шпански брод ќе да достави хуманитарна помош во Газа овој викенд, каде четвртина од населението е на раб на глад, пренесува Би-би-си.

Брод, наречен „Отворени раце“ по истоимената добротворна организација, ќе тргне од Кипар, најблиската држава во Европската Унија (ЕУ) до Газа. Тој ќе носи 200 тонови храна, донација од американската добротворна организација „Светска централна кујна“.

Последната милја од патувањето се очекува да е најкомплицираната. Сепак, основачот на „отворени раце“ вели оти не е „загрижен за безбедност“.

Во Газа, тим од „Светска централна кујна“ има изградено пристаниште на кое ќе може да се укотви бродот.

Оваа мисија се најави ден откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ ќе отвори поморски коридор за хуманитарна помош до Газа, одлука која беше поздравена од Израел, САД и Велика Британија.

Сепак, претставник од организацијата за хуманитарна помош „Refugees International“ изјави оти смета дека поморскиот коридор нема да овозможи да се достави ни блиску толку хуманитарна помош колку што е потребно во Газа.

Изјавата на фон дер Лајен, пак, дојде еден ден по најавата на претседателот на САД Џо Бајден дека САД ќе изгради привремено пристаниште до кое ќе може да стига хуманитарна помош. Претставник од американската војска изјави дека очекува да се потребни околу 60 денови да се изгради пристаништето.

Во соопштение, „Доктори без граници“ рекоа дека градењто на пристаништето е „очигледно пренасочување на вниманието од вистинскиот проблем“, односно препреките поставени од Израел кои спречуваат глатка достава на хуманитарна помош во Газа.