Свет Брод со 3.500 патници заринка на Бермудските Острови

Брод со 3.500 патници заринка на Бермудските Острови

Брод за крстосување, на кој имало речиси 3.500 патници и членови на екипажот, заринкал на гребен во близина на Бермудските Острови и така останал речиси шест часа.

Компанијата „Норвиџан круз лајн“ соопшти дека плимата помогнала за бродот да се ослободи и да се врати во подлабоките води, по што се закотвил и чекал инспекција.

„Сите патници на екипажот се безбедни и никој не беше повреден“, се вели во соопштението.

Бродот во вторникот отпловил од Бостон, а заринкал поради дефект со системот за управување, кој придонел да ја изгуби насоката на движење, се додава во соопштението.

Бродот, кој има 2.443 патници и 1.059 членови на екипажот, ќе биде испитан целосно пред да го продолжи патувањето.