Економија Бројот на туристи во првиот квартал е зголемен за 2,4 проценти во...

Бројот на туристи во првиот квартал е зголемен за 2,4 проценти во однос на лани

Туристи во Скопје

Во првите четири месеци, бројот на туристите е зголемен за 2,4 проценти, во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Кај домашните туристи зголемувањето е за 5,4 проценти, а кај странските за еден процент.

Во првите четири месеци споредено со истиот период од минатата година е регистрирано зголемување на ноќевањата за 0,8 проценти, кај домашните за 4,4 проценти, а кај странските за 1,3 проценти.

Најмногу туристи имало од Турција, по која следат туристите од Бугарија, Грција, Германија, Косово, Полска, Кина, Италија. Најпосетени дестинаци биле Скопје и езереските места, по што следат планинските, бањските и останатите локации.