Главна секција Бројот на заразени се зголеми на 219 лица, во Скопје се 134...

Бројот на заразени се зголеми на 219 лица, во Скопје се 134 позитивни на корона вирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Најголем број од заразените се во Скопје.

– Од новозаболените 18 лица, 11 се во Скопје, четири во Прилеп, два во Куманово и еден во Тетово. Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица – информираат оттаму.

Од вкупниот број на заболени лица досега, 134 се од Скопје, 43 во Дебар, 17 во Куманово, осум во Штип, шест во Прилеп, по тројца во Охрид и во Велес, по двајца во Тетово и Кавадарци, како и еден заболен во Гостивар.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на фејсбук објави дека обезбедени се 55 респираторни машини. Дваесет и пет од нив се обезбедени со пари од Норвешка, а 30 ќе се купат преку добавувач од Кина, со парите што ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во борбата со корона вирусот.