Македонија Бркотница меѓу полицијата и навивачки групи кои дивееле во околината на ГТЦ

Бркотница меѓу полицијата и навивачки групи кои дивееле во околината на ГТЦ

Во околината на Градскиот трговски центар (ГТЦ) се одвива полициска акција во која полициски екипи се обидуваат да се справат со засега непозната група, која го нарушила јавниот ред и мир во центарот на Скопје, јавува порталот „Нова ТВ“.

Како што пренесува порталот, очевидци изјавиле дека група момчиња кршела прозорци и фрлала маси од околните кафеани.

Репортерот на „Нова ТВ“ забележал присуство на специјалните полициски единици и бркотница помеѓу групата и полицијата.

Засега нема официјални информации за што станува збор. Неофицијално, повикувајќи се на свои извори, порталот пишува дека лицата биле дел од навивачка група која е во Скопје да го следи натпреварот меѓу екипите на Вардар и на Будуќност од Црна Гора.