Свет Европа Британскиот весник „Индепендент“ од утре само во дигитално издание

Британскиот весник „Индепендент“ од утре само во дигитално издание

Британскиот весник „Индепендент“ денеска го објави своето последно печатено издание, а од утре, триесет години стариот весник ќе биде достапен само во дигитална форма.

Новинарите на интернет објавија фотографија од тимот како тропа на маса, што е стара традиција кога заминува некој од колегите.

 


Во последниот уредувачки напис за печатеното издание де наведува дека „историјата ќе биде судија на нивниот храбар премин во дигитални медиуми и тоа ќе биде пример кој ќе го следат останатите весници ширум светот.

„Денеска пресите престанаа со работа, мастилото е суво и хартијата повеќе нема да се гужва, но како што се затвора едно поглавје, друго се отвора и духот на ’Индепендент’ и понатаму ќе биде достапен“ се наведува во уредувачкиот напис.

„Индепендент“ го основаа тројца поранешни новинари во 1986 година и стана познат по шарените насловни страници и големите фотографии.

Сопственикот на весникот, Евгениј Лебедев минатиот месец, за време на најавата за затворање на печатеното издание наведе дека новинарството целосно се сменило и оти и весниците исто така мора да се променат.