Свет Европа Британскиот парламент ќе гласа за предвремени избори

Британскиот парламент ќе гласа за предвремени избори

Британските пратеници денеска ќе гласаат за одржување предвремени избори на 8 јуни, на барање на конзервативната премиерка Тереза Меј, која како причина ја наведе потребата да добие силна поддршка за преговорите за Брексит.

Расправата во парламентот треба да почне околу 13.30 часот по локално време и не се очекува да трае повеќе од 90 минути, а гласањето е предвидено за околу 16 часот.

Меј, која вчера ги изненади сите со барањето за предвремени избори, треба да добие поддршка од две третини од пратениците на Долниот дом на Парламентот во Вестминстер за да може да ги повика Британците на избори три години порано.