Македонија Британска амбасада: За прислушуваните разговори е потребна целосна истрага

Британска амбасада: За прислушуваните разговори е потребна целосна истрага

Наводите што произлегоа од прислушуваните разговори се многу сериозни и за нив треба да се спроведе целосна и транспарентна истрага. Ова е ставот на Амбасадата на Обединетото кралство за одлуката на Основниот суд 1 да ги издвои прислушуваните разговори како докази.

Амбасадорот не би можел да коментира детали од судската одлука, но вели дека истрага мора да има, а за неа треба да биде надлежен специјалниот јавен обвинител, кој е предвиден со Договорот од Пржино.