Македонија Британија: Ова е можност за цела Македонија да се обедини за интересите...

Британија: Ова е можност за цела Македонија да се обедини за интересите на сите граѓани

Британскиот министерот за Европа, Алан Данкан, денеска му честиташе на премиерот Зоран Заев за формирањето влада и додаде дека тоа претставува позитивен напредок по долготрајната политичка криза.

– И честитаме на Македонија за формирањето на новата влада. Ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и на поширокиот регион. Ќе соработуваме со новата влада во нејзиното работење да спроведе битни реформи, особено зајакнување на владеењето на правото и отчетноста и напредок во целта за побрза интеграција во евроатлантските институции – изјави Данкан.