Свет Европа Британија не е сигурна дека Русија навистина ќе се повлече од Сирија

Британија не е сигурна дека Русија навистина ќе се повлече од Сирија

Велика Британија не е сигурна дека Русија навистина ќе ги повлече своите воени сили од Сирија, изјави британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд, во Багдад.

– Веќе имаме искусено слична ситуација во Украина. Русија најави повлекување на своите трупи, а всушност тоа беше само ротација на воените сили. Ако се потврди повлекувањето, ќе биде интересно да се види колку долго сирискиот режим ќе може да се одржи сам – додаде британскиот министер.

Освен тоа, тој истакна дека Велика Британија не верува дека може да дојде до траен мир во Сирија сè додека на власт се наоѓа Башар ал Асад.