Македонија Брисел: Прва средба на Бесими со Федерика Могерини

Брисел: Прва средба на Бесими со Федерика Могерини

Македонскиот вицепремиер за европски интеграции, Фатмир Бесими, вчера попладне оствари средба со новоназначената висока претставничка на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини. Тие дискутирале за „предизвиците со кои се соочува земјата“, се вели во соопштението издадено доцна синоќа.

Бесими и Могерини ја истакнале важноста на тоа реформите брзо да напредуваат и потребата Македонија и Грција да работат на заеднички прифатливо решение за спорот со името и на добрососедските односи, се вели во кусото соопштение.

Иако начелно се очекуваше по средбата Могерини и Бесими да се сретнат со новинарите, прес-конференција не се одржа.